
јуни 17, 2026
14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството
По повод 14 Јуни – Светскиот ден на крводарителството, им оддаваме искрена почит и благодарност на сите хумани луѓе кои несебично даруваат дел од себе за да спасат нечиј живот.
Во знак на признание за нивната хуманост и долгогодишна посветеност, денес заедно со Црвениот крст – Пробиштип, им доделивме телевизори на петмина наши сограѓани – крводарители:
- Горан Моневски со 75 крводарувања
- Коста Ташевски со 75 крводарувања
- Драган Ѓорѓиев со 75 крводарувања
- Горан Миленковски со 50 крводарувања
- Ненад Павиќевиќ со 50 крводарувања
Вашата хуманост, солидарност и подготвеност да помогнете се пример и гордост за целата општина. Благодарение на вас, но и на сите крводарители, многу семејства добиле надеж, а многу животи биле спасени.
Ви благодариме за Вашата благородност и човечност!







< врати се назад











































